Прескокни до главната содржина Прескокни до пребарувањето

ФАЗА II - СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА 4.500ha ЗЕМЈОДЕЛСКА ОБРАБОТЛИВА ПОВРШИНА ВО РЕГИОНОТ

ПЛАНИРАНИ ИДНИ ФАЗИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ХИДРОСИСТЕМ ЗЛЕТОВИЦА

Во овој момент се изготвува потребната техничка документација за изградба на идните две фази во склоп на Хидросистем Злетовица и тоа Фаза II-наводнување и Фаза III-енергетика. По добиени средства од Гранд од Европска инвестициона банка на меѓународен тендер е избрaна Консултанската кука Sweco Aqva Hydro Consortium кој ја подготвува потребната техничка документација за изградба на овие две фази од проектот.

Фаза II-наводнување и Фаза III-енергетика

Согласно физибилити студијата за Фаза II-наводнување се предвидува наводнување на површини во општините Пробиштип со 3.552 ха и Кратово со 957 ха, за што се потребни 19 милиони м3 вода и Фаза III-енергетика во која се предвидува изградба на 6 мали хидроцентрали со капаците од 9.90MW  и со годишно производство на електрична енергија од 49,5 GWh.


Површините кои се опфатени со хидромелиоративниот систем се поделени на два системи  и тоа:

  • систем за наводнување Пробиштип со површина од 3.552 ха поделена на  подсистемите: Горна и Долна зона
  • систем за наводнување на Кратово со површина од 957 ха поделена на  подсистемите: Марковица, Сакулица и Повишница

СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ
ПРОБИШТИП

Системот за наводнување Пробиштип опфаќа 3.552hа обработлива земјоделска површина низводно од браната Кнежево. Според конфигурацијата на теренот системот за наводнување Пробиштип е поделен на два подсистеми  и тоа:

  • подсистем Горна зона со површина од 2.300hа
  • подсистем Долна зона со површина од 1.252hа

Основни карактеристики на подсистемот Горна зона

Со подсистем Горна зона се опфаќа 2.300 ха земјоделски обработлива површина каде висински се простира помеѓу кота 420 м.н.в и 582 м.н.в. За наводнување на површините од овој подистемот се води доводен цевковод кој се зафаќа од зафатна градба на кота 622 мнв која претставува разделна шахта наменета за ХЕЦ Злетово 3, од каде преку главен доводен цевковод со должина од приближно L=14 км се поврзува со мрежата за наводнување на Горната зона. Вкупната должина на мрежата за наводнување од  подситемот Горната зона изнесува приближно 76км.

Основни карактеристики на подситемот Долна зона

Со подсистем Долна зона се опфаќа 1.252 ха земјоделски обработлива површина каде висински се протега од кота 338 м.н.в. па се до кота 455 м.н.в.. Зафаќањето на количините потребни за наводнување на овој подистем ќе биде од постојната зафатна градба (зафат 3 за водоснабдување на Штип, Карбинци, Св. Николе и Лозово) на кота 490 м.н.в. Од зафатната градба, преку главен дистрибутивен цевковод со должина од приближно L=13.9 км се транспортира водата до корисниците. Вкупната должина на мрежата за наводнување од подситемот Долна зона изнесува приближно 55км.

СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ
КРАТОВО

Системот за наводнување Кратово опфаќа 957hа обработлива земјоделска површина со изградба на три акумулаци и тоа Марковица, Сакулица и Повишница, како и зафатна градба “Горно Градиште” на Анска река за надополнување на акумулацијата Сакулица. Според конфигурацијата на теренот за системот за наводнување Кратово разработени се повеќе алтернативни решенија и како најповолно е избрано решението  каде системот за наводнување е поделен на три подсистеми и тоа:

  • подсистем Марковица со површина од 354ha
  • подсистем Сакулица со површина од 535ha
  • подсистем Повишница со површина од 68ha
Шематски приказ на системот за наводнување Кратово

Шематски приказ на системот за наводнување Кратово

Основни карактеристики на подситемот Марковица

Подсистемот за наводнување Марковци го опфака 354 hа обработлива земјоделска површина и го  сочинуваат: брана и акумулација Марковци, оводен цевковод и мрежа за наводнување.

Браната Марковци е проектирана на река Врлеј Дол во близината на Кратово. Река Врлеј Дол е лева притока на река Повишница, извира од Осоговските планини и има променлив проток во текот на годината. Браната е со проектирана  висина од H=34.5 м со кота на круна 496,5 м.н.в. и формира акумулација со волумен од V=754.633 м3.

Површините за наводнување се простираат од минимална кота 322 м.н.в. до максимална кота 473 м.н.в.

Вкупната должина на мрежата за наводнување на подсистемот Марковица изнесува L=16.670 м.

Основни карактеристики на подсистемот Сакулица

Подсистемот за наводнување Сакулица опфака 535 ha обработлива земјоделска површина  и го сочинуваат: брана и акумулација Сакулица, доводен цевковод и мрежа за наводнување. За  надополнување на акумулацијата Сакулица предвидено е изградба на зафатна градба на преградниот профил на Горно Градиште (тиролски зафат) со цел да се искористи и поволното сливно подрачје на Анска река – сливно подрачје од 7.9 км².

Браната Сакулица е предвидена да се изведе на р. Бела Вода кој е лева притока Река Повишница и извира од југозападниот дел на планината Осогово во областа наречена Сакулица. Висината на браната е предвидена со висина од Н=30.0 м со кота на круна  497,5.00 м.н.в со која ќе се формира акумулација со корисен волумен од V=764.000 м3. Во склоп на браната се предвидени сите потребни објекти во тек на градба и објекти за нормално функционирање во тек на експлоатација.

Површините за наводнување се простираат од минимална кота 420 м.н.в. до максимална кота 546.5 м.н.в. Вкупната должина на мрежата за наводнување на подсистемот Сакулица изнесува L=23.527 м.

Основни карактеристики на подсистемот Повишница

Подсистемот  за наводнување Повишница опфака 68ha обработлива земјоделска површина  и се состои од зафат Повишница и мрежа за наводнување.

За надополнување на сливот на Повишница предвидено е да се изработи испустна градба, односно испустна шахта во месноста Жгури и тоа на постоечкиот цевковод за водоснабдување.

Површината се простира од минимална кота 538 м.н.в. до максимална кота 674 м.н.в. Вкупната должина на мрежата за наводнување на подсистемот Повишница изнесува L=4.174 м.