Прескокни до главната содржина Прескокни до пребарувањето

ФАЗА I - ВОДОСНАБДУВАЊЕ

Фаза I – водоснабдување од проектот ХС “Злетовица”  заврши со изградба во 2010 година каде во склоп на овој проект се изградени браната “Кнежево” со придружните објекти како централен објект и два зафати со доводни цевковод за водоснабдување на општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.

Тиролскиот Зафат 1 е за водоснабдување на Пробишти со Злетово, кој се наоѓа на надморска височина од 776,00 m со пресметан истек од 120 m3/s со преливен праг со височина од 4 m и слапиште од 10m.

Тиролскиот Зафат 3 е за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово како и за наводнување на долна зона (1.500ha) земјоделска површина во атарот на општина Пробиштип и се наоѓа на надморска височина од 496,10m со пресметан истек од 127m³/s со преливен праг со височина од 3,5m и слапиште од 10m.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА БРАНА "КНЕЖЕВО" СО ПРИДРУЖНИ ОБЈЕКТИ

Општи карактеристики на браната “Кнежево”-камено-насипна брана со асфалтно јадро

Кота на Круната на браната 1065.50 м.н.в.
Вид на Темелната Основа Шкрилец / Алувиум
Максимална височина над котата на теренот 75 m
Должина на Круната 290 m
Широчина на Круната 10m
Спротиводна Косина 1,8H/1V
Низводна Косина 1,8H/1V
Вкупен волумен на браната 1.525.000 m3
Акумулација на езерото 23.500.000 m3
Преливен орган шахтен преливник+тунел
Дијаметар на преливникот 17.2 m
Дијаметар на Обиколен тунел 4.1 m

Во склоп на браната изградени се повеќе придружни објекти и тоа:

  • обиколен тунел во должина од 320 m кој во текот на експлоатација ке се користи како темелен испуст,
  • шахтен преливник со проектиран протек од 293 m3/s кој завршува со брзотек  и ски-отскок.

Браната “Кнежево” е прва каменонасипна брана со асфалтнобетонска дијафрагма во Македонија која е дел од повеќенаменскиот проект “Хидросистемот Злетовица”. Изградбата на браната отпочна во февруари 2007 година, а 2011 година е пуштена во експлоатација.

Центрaлен објект на Фаза I водоснабдување од ХС “Злетовица” е каменонасипна брана “Кнежево” со асфалтно јадро која е прва од ваков тип на просторт на Македонија.

Kамено-насипната брана “Кнежево” е висока 75 m и со неа ќе се регулира и употребува годишниот воден потенцијал на реката Злетовица од 60.000.000 m3 вода. Браната се наоѓа на надморска височина од 1.000 м.н.в. Со изградба на браната се формира акумулација од 23.500.000m3. Водата од ова акумулација пред се ќе се користи за обезбедување на вода за пиење на над 100.000 жители, потоа за наводнување на 4.500 ha површина во атарот на општините Пробиштип и Кратово како и за производство на електрична енергија. Реализацијата на овој систем ќе придонесе за искористување на земјоделските капацитети на регионот и развој на земјоделското стопанство.

Оваа фаза е завршена и реализиран и во овој момент од неа се санбдуват со сирова вода за пиење општините Пробишти и Свети Николе, а општината Штип врши тестирање на нивната филтерстаница со цел во најкраток рок да отпочне водоснабдувањето и на оваа општина од Хидроситем Злетовица.