Прескокни до главната содржина Прескокни до пребарувањето

ДИРЕКТОР

Златко Стојановски

Директор на ЈП ХС Злетовица

zstojanovski89@gmail.com

+389 78 246 589

Биографија

Име и презиме Златко Стојановски
Датум на раѓање 23.02.1989 година
Образование 2018 Положен правосуден испит

2012 – 2015 Магистерски студии на Правен факултет при УГД – Штип

2007 – 2011 Додипломски студии на Правен факултет при УГД – Штип

Работно искуство 2022 – 2024 Директор на комунално претпријатие ЈПКДИ Кратово

2022 Сообраќаен инспектор ЕЛС Кратово

2015 – 2022 Помлад соработник во ПЕ Кратово МЗШВ

2011 – 2015 Правен советник РИК Силекс АД Кратово

Директорот на јавното претпријатие покрај надлежностите утврдени со закон ги врши и следните работи:

  1. Го организира и раководи работењето на јавното претпријатие;
  2. Го претставува и застапува јавното претпријатие;
  3. Организира и обезбедува подготвување на нацрти и предлози на општи акти што ги донесува Управниот одбор;
  4. Се грижи за законитоста на одлуките и општите акти на јавното претпријатие;
  5. Ја организира и обезбедува работната дисциплина во јавното претпријатие;
  6. Решава за распоредување на работниците;
  7. Го определува работното време во вкупното годишно работно време;
  8. Донесува план за користење на годишен одмор;
  9. Донесува одлуки за поединечните права, обврски и одговорности на вработените;
  10. Обезбедува јавност во работата на претпријатието;
  11. Организира подготвување на седниците на Управниот одбор и неговите работни тела;
  12. Ги спроведува и извршува актите на Управниот одбор;
  13. За резултатите  од работењето  на јавното  претпријатие  му поднесува извештај на Управниот одбор;
  14. Склучува договори   за   реализација   на   програмата   и   други      договори за потребите од тековното работење на јавното    претпријатие по претходно одобрение од Управниот одбор;
  15. Се грижи за остварување на обврските на јавното претпријатие од областа на одбраната согласно закон;
  16. Формира стручни комисии и работни тела;
  17. Донесува одлуки  за службени   патувања во странство на работниците во јавното претпријатие;
  18. Го информира Управниот  одбор  за   одделни прашања од работењето на јавното претпријатие;
  19. Издава налози, упатства и наредби со кои се обезбедува работењето на јавното претпријатие;
  20. Дава мислење по прашања од надлежност на Управниот одбор до Владата на РМ и за тоа го известува Управниот одбор, и
  21. Врши и  други  работи определени со  пропис, овој статут  и другите општи акти на јавното претпријатие.