Фаза I – водоснабдување од проектот ХС “Злетовица” заврши со изградба во 2010 година каде во склоп на овој проект се изградени браната “Кнежево” со придружните објекти како централен објект и два зафати со доводни цевковод за водоснабдување на општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.
Тиролскиот Зафат 1 е за водоснабдување на Пробишти со Злетово, кој се наоѓа на надморска височина од 776,00 m со пресметан истек од 120 m3/s со преливен праг со височина од 4 m и слапиште од 10m.
Тиролскиот Зафат 3 е за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово како и за наводнување на долна зона (1.500ha) земјоделска површина во атарот на општина Пробиштип и се наоѓа на надморска височина од 496,10m со пресметан истек од 127m³/s со преливен праг со височина од 3,5m и слапиште од 10m.