Системот за наводнување Кратово опфаќа 957hа обработлива земјоделска површина со изградба на три акумулаци и тоа Марковица, Сакулица и Повишница, како и зафатна градба “Горно Градиште” на Анска река за надополнување на акумулацијата Сакулица. Според конфигурацијата на теренот за системот за наводнување Кратово разработени се повеќе алтернативни решенија и како најповолно е избрано решението каде системот за наводнување е поделен на три подсистеми и тоа:
- подсистем Марковица со површина од 354ha
- подсистем Сакулица со површина од 535ha
- подсистем Повишница со површина од 68ha
Шематски приказ на системот за наводнување Кратово
Основни карактеристики на подситемот Марковица
Подсистемот за наводнување Марковци го опфака 354 hа обработлива земјоделска површина и го сочинуваат: брана и акумулација Марковци, оводен цевковод и мрежа за наводнување.
Браната Марковци е проектирана на река Врлеј Дол во близината на Кратово. Река Врлеј Дол е лева притока на река Повишница, извира од Осоговските планини и има променлив проток во текот на годината. Браната е со проектирана висина од H=34.5 м со кота на круна 496,5 м.н.в. и формира акумулација со волумен од V=754.633 м3.
Површините за наводнување се простираат од минимална кота 322 м.н.в. до максимална кота 473 м.н.в.
Вкупната должина на мрежата за наводнување на подсистемот Марковица изнесува L=16.670 м.
Основни карактеристики на подсистемот Сакулица
Подсистемот за наводнување Сакулица опфака 535 ha обработлива земјоделска површина и го сочинуваат: брана и акумулација Сакулица, доводен цевковод и мрежа за наводнување. За надополнување на акумулацијата Сакулица предвидено е изградба на зафатна градба на преградниот профил на Горно Градиште (тиролски зафат) со цел да се искористи и поволното сливно подрачје на Анска река – сливно подрачје од 7.9 км².
Браната Сакулица е предвидена да се изведе на р. Бела Вода кој е лева притока Река Повишница и извира од југозападниот дел на планината Осогово во областа наречена Сакулица. Висината на браната е предвидена со висина од Н=30.0 м со кота на круна 497,5.00 м.н.в со која ќе се формира акумулација со корисен волумен од V=764.000 м3. Во склоп на браната се предвидени сите потребни објекти во тек на градба и објекти за нормално функционирање во тек на експлоатација.
Површините за наводнување се простираат од минимална кота 420 м.н.в. до максимална кота 546.5 м.н.в. Вкупната должина на мрежата за наводнување на подсистемот Сакулица изнесува L=23.527 м.
Основни карактеристики на подсистемот Повишница
Подсистемот за наводнување Повишница опфака 68ha обработлива земјоделска површина и се состои од зафат Повишница и мрежа за наводнување.
За надополнување на сливот на Повишница предвидено е да се изработи испустна градба, односно испустна шахта во месноста Жгури и тоа на постоечкиот цевковод за водоснабдување.
Површината се простира од минимална кота 538 м.н.в. до максимална кота 674 м.н.в. Вкупната должина на мрежата за наводнување на подсистемот Повишница изнесува L=4.174 м.