Хидросистемот “Злетовица” е повеќенаменски водостопански систем и се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, со кој се овозможи целосно користење на водниот потенцијал на река Злетовица.
Со Хидросистемот ќе се обезбеди вода за пиење на преку 100.000 жители во населените места Пробиштип, Кратово, Злетово, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, потоа наводнување на4.500 ха земјоделски површини во атарот на Пробиштип и Кратово и хидроенерегетско користење на расположивиот воден потенцијал за производство на околу 49.5 милиони kWh годишно, како и заштита од поплави и обезбедување на биолошки минимум.