ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ
ХЕЦ Б ќе ги процесира водите неопходни за обезбедување на биолошки минимум на реката од брна Кнежево со помош на турбините тип Пелтон лоцирана во друга зграда во близина на излезната структура на браната Кнежево.
Главни параметри на ХЕЦ Б |
|
– Инасталиран протек |
Qinst=0,155 m3/s |
– Просечен проток |
Qav=0,125 m3/s |
– Максимална висина |
Hbr,max= 76,10 m |
– Просечно годишно производство на електрична енергија |
Eyear= 0,78×106 kWh |
– Вкупна моќност (една Пелтонова турбина) |
0,80 MW |
ХЕЦ Злетово 1 ќе ги преработува водите од акумулацијата Кнежево и водите зафатени од зафатните градби од Емиричка и Венечка река. Водите од акумулацијата Кнежево се доведуваат со цевководот под притисок, кој е со должина од 5.250 м. Цевководите под притисок, кои започнуваат од зафатените структури на Емиричка и Венечка река, се интегрирани во еден заеднички цевковод. Заедничкиот цевковод е вклучен во цевководот под притисок кој доаѓа од Браната Кнежево.
Главни параметри на
ХЕЦ Злетово 1 |
|
– Инасталиран протек |
Qinst =2,10 m3/s |
– Максимална висина |
Hbr,max=243,50 m |
– Просечно годишно производство на електрична енергија |
Eyear, F=16.666 x 106 kWh |
– Вкупна моќност (две Франсис турбини) |
2,8 MW |
ХЕЦ Злетово 2 е деривационен тип на централа која ги преработува водите од ХЕЦ Злетово 1 заедно со зафатените води од зафатната градба од ХЕЦ Злетово 2. ХЕЦ Злетово 2се состои од следниве главни објекти: зафат, гравитационен довод, водна комора,цевководот по притисок и централа. Доводниот канал вклучува краток гравитационен цевковод низводно од зафатот од ХЕЦ Злетово 2, долг тунел кој преминува во гравитационен цевковод пред влезот во водната комора. Низводно од водната комора започнува челичен цевковод под притисок кој ја доведува водата до ХЕЦ Злетово 2.
Главни параметри на
ХЕЦ Злетово 2 |
|
– Инасталиран протек |
Qinst =2,40 m3/s |
– Максимална висина |
Hbr,max=184,55 m |
– Просечно годишно производство на електрична енергија |
Eyear, F=17.963 x 106 kWh |
– Вкупна моќност (три Франсис турбини) |
3,6 MW |
ХЕЦ Злетово 3 ќе ја преработува водата од ХЕЦ Злетово 2 заедно со водите зафатени со зафатот од ХЕЦ Злетово 3. На цевководот под притисок ќе биде монтирана гранка за отстапување, неопходна за водите потребни за наводнување на горна зона. Кога не работи ХЕЦ Злетово 3, водите неопходни за наводнување ќе се доведува со цевковод под притисок. ХЕЦ Злетово 3 ќе биде изграден на десниот брег на Злетовска река. ХЕЦ Злетово 3 ќе работи согласно потребите на консументите на водата:наводнување на повисоки земјоделски површини (горна зона) од општина Пробиштип и воднсабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.
Главни параметри на
ХЕЦ Злетово 3 |
|
– Инасталиран протек |
Qinst =1,40 m3/s |
– Максимална висина |
Hbr,max=141,50 m |
– Просечно годишно производство на електрична енергија |
Eyear, F=11.762 x 106 kWh |
– Вкупна моќност (две Франсис турбини) |
2,2 MW |
ХЕЦ Пробиштип е диверзионен тип на електрана, која треба да се изгради на цевководот за водоснабдување на општина Пробиштип во зависност од режимот за снабдување со вода.
Главни параметри на
ХЕЦ Пробиштип |
|
– Инасталиран протек |
Qinst =0,14 m3/s |
– Максимална висина |
Hbr,max=76,20 m |
– Просечно годишно производство на електрична енергија |
Eyear, F=0,613 x 106 kWh |
– Вкупна моќност (една Франсис турбина) |
0,10 MW |
ХЕЦ Кратово е диверзионен тип на електрана, која треба да се изгради на цевководот за водоснабдување на општина Кратово, лоцирана во близина на филтер станицата.
Главни параметри на
ХЕЦ Кратово |
|
– Инасталиран протек |
Qinst =0,110 m3/s |
– Максимална висина |
Hbr,max =307,00 m |
– Просечно годишно производство на електрична енергија |
Eyear, F=1,663 x 106 kWh |
– Вкупна моќност (една Франсис турбина) |
0,22 MW |