Пуштање во употреба на надградените системи во ЈП ХС Злетовица
На ден 01.12.2023 година, во просториите на ЈП ХС Злетовица, присуствуваше Заменик премиерка и Министерка за надворешни работи и европски прашања на Република Словенија, Г-ѓа Тања Фајон, каде заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопансво, Г-дин Љупчо Николовски, и претставници на Центар за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, по повод успешната реализација на проектот Надградба на ХС Злетовица, финансиран од донација од Република Словенија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, свечено беа пуштени во употреба надградените системи во ЈП ХС Злетовица.
Прочитај повеќеСанација на Хидромеханичка опрема на брана Кнежево
На 28.10.2022 година, се потпиша договор помеѓу ЈП ХС Злетовица и МЗТ Пумпи а.д Скопје за санација на хидромеханичката опрема во темелна затворачница на брана Кнежево.
Со реализација на оваа активност, се овозможува поквалитено и побезбедно менаџирање со брана Кнежево.
Прочитај повеќеРехабилитација на SCADA центар – ЈП ХС Злетовица
На 27.09.2022 година се потпиша Договор помеѓу ЈП ХС Злетовица и изведувачот на работите Искра Системи – М ДООЕЛ од Скопје за Рехабилитација и надоградба на ХС Злетовица (SCADA).
Со реализацијата на овој проект се овозможува посовремено управување со објектите на ХС Злетовица преку SCADA системот, а со тоа и успешно и квалитетно водоснабдување на општините опфатени со проектот ХС Злетовица.
Прочитај повеќеПромоција на проектот Надградба на Хидросистемот Злетовица ко-финансиран од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија
На покана на Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија, проект менаџерот Љупчо Благоевски и Раководителот на одделението за одржување на зафати и цевководи Александар Величковски од ЈП ХС Злетовица – Пробиштип, присуствуваа на информативен настан за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти во рамки на билатералната развојна соработка, а објавен од страна на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.
Настанот се одржа на 18.07.2022 и на истиот имаше обраќање Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили и Неговата екселенција Амбасадорот Милан Предан.
На настанот присуствуваше директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, Мојца Копше која го промовираше проектот Надградба на Хидросистем Злетовица кој е финансиран преку донација од ЦМСР и буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Прочитај повеќеПосета на Директорот на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје
Посета на Директорот на НУ НАЦИОНАЛЕН КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР-СКОПЈЕ, Г-дин Memet Selmani по завршениот увид од страна стручниот тим, за постоење на археолошки локалитети, односно недвижни културни добра, кои евентуално би биле загрозени со изградбата на Фаза 2-наводнување, Горна зона од ХС Злетовица.
Прочитај повеќеМеморандум за соработка
На 08.06 2021 година во просториите на ЈП ХС Злетовица е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем Злетовица – Пробиштип претставувано од Директорот Миле Илиевски, Јавното претпријатие за комунално-производни и услужни работи Исар – Штип претставувано од директорот Здравко Коцев и Јавното претпријатие за комунално-производни и услужни работи Плачковица – Карбинци претставувано од директорот Ѓорѓе Јанков. Со потпишувањето на овој Меморандум, претпријатијата се обврзуваат на меѓусебна соработка со што координирано ќе дејствуваат во насока на планирање и реализирање на завршните активности за дореализација и целосно ставање во функција на Фаза 1 – водоснабдување од повеќенаменскиот проект Хидросистем Злетовица. Со комплетната реализација на Фаза 1, ХС Злетовица ќе испорачува сирова вода од нејзините зафатни градби до филтерстаниците на општините корисници согласно нивните потреби.
Зафатна градба Зафат 3 (со максимален капацитет од 650 l/s) испорачува сирова вода до филтерстаницата во Свети Николе која има максимален капацитет за обработка на сирова вода до 100 l/s, а со изградба на новите филтерстаници и нивно пуштање во употреба ќе се испорачува сирова вода на филтерстаницата во Штип која има максимален капацитет за обработка на сирова вода до 300 l/s, на филтерстаницата во Карбинци која има максимален капацитет за обработка на сирова вода до 40 l/s и на филтерстаницата во Лозово која има максимален капацитет за обработка на сирова вода до 30 l/s.
Зафатна градба Зафат 1 (максимален капацитет од 150 l/s) испорачува сирова вода на филтерстаницата во Пробиштип која има максимален капацитет за обработка на сирова вода до 100 l/s.
Прочитај повеќе