Во рамките на задолжувањето и укажувањето од страна на Владата на Република Македонија, во врска со спроведување на акции за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, ЈП ХС „Злетовица“, согласно добиената табела со предложени акции по сектори за месеците кои следат, пристапи кон имплементирање на истите.
Имено, вработените во ЈП ХС „Злетовица“ до своите работни места ќе доаѓаат без автомобил, додека дел од вработените кои се подалеку од своите работни места ќе споделуваат автомобил. Во рамките на акциите се планирани и активности за озеленување на непосредната околина на институцијата, браната „Кнежево“, Зафат 1 и Зафат 3, со користење на брзорастечки широколисни видови дрва и уредување на дворот, секако во соработка со подрачната единица на Македонски Шуми.
Согласно Заклучокот на Владата, во активностите при спроведување на акциите за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, ЈП ХС „Злетовица“ е во постојана координација со локалната самуправа и граѓанските здруженија.