Во соработка со Националниот конзерваторски центар, вршиме увид на теренот за системот Кратово (подсистеми Сакулица, Марковица и Повишница).
Пред да започнеме со градба, мораме да го заштитиме нашето културно и археолошко богатство. Овој чекор ни овозможува сигурна и непречена работа, без заглавување во административни лавиринти или оштетување на историски локалитети.
Со оваа фаза овозможуваме наводнување на 4.500 хектари земјоделско земјиште! Ова значи помодерно земјоделство, посилен економски развој и стабилност за целиот регион и државата.
Продолжуваме посветено кон модернизација на водните ресурси! 
Линк до видео: https://tinyurl.com/36ua6zbv

