Од утре започнуваат тестирањата на водата од ХС „Злетовица“ кои треба да покажат дали може и градот Штип да ја користи во својот водоснабдителен систем. Во периодот кога има врнежи, што според анализите се околу 50-тина денови во годината, водата е матна затоа што не целосно се дистрибуира во затворен систем. Штип ја пре адаптира филтер станицата за прием на овие води, инвестиција за која се уште се исплаќа кредитот.

Наше, како локална самоуправа е да ги истражиме сите можности, да тоа што сме го инвестирале и што го плаќаат граѓаните го ставиме во функција-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип
Досегашните лабараториски испитувања покажале дека водата од брана „Кнежево“ е чиста и здрава за пиење.

12 пати во годината, значи секој месец вршиме анализи на водата и ги доставуваме до релевантните институции, тоа се 6 институции на државно ниво и 2 големи анализи, кои се вршат 2 пати годишно и кои исто се доставуваат до сите релевантни институции во државата-изјави Миле Моневски, советник за технички прашања  на директорот на ХС „Злетовица“
ХС „Злетовица“ е проектиран за снабдување со вода за пиење на околу 100 000 жители. Во моментот со овие води се снабдуваат Кратово, Пробиштип и Свети Николе, а покрај Штип во иднина ќе треба да се приклучат и општините Карбинци и Лозово.