Поголем дел од објектите на хидросистемот Злетовица, предвидени во првата етапа, веќе се во завршна фаза на изградба. Со целосното завршување на овој капитален објект, со здрава вода за пиење, но и за наводнување на неколку илјади хектари обработливо земјиште, ќе се снабдуваат граѓаните од седум општини во источна Македонија.
Пристапниот пат до акулулацијата, во должина од 20 километри, веќе е завршен. Браната Кнежево, кој е дел од хидросистемот, со сите придружни објекти, која почна да се гради во почетокот на минатата година, се очекува целосно да биде завршена во 2009 година. Пробиен е и опточниот тунел во должина од 300 метри и пречник од 4,7 метри во фаза на бетонирање.

Паралелно со работите на браната Кнежево, се работи и на поставување на цевковдот до Свети Николе и Штип, додека за целосно завршување на првата фаза е потребно да се постави и цевководот до Карабинци и Лозово во должина од 18 километри.