Согласно Заклучокот на Владата, бр.44-8118/7 од 20.10.2020 година, со кој помеѓу другото се препорачува на целата државна и јавна администрација, организирањето на работата да се одвива во смени, од далечина (дома) или пак, редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работнио процес на институцијата и согласно Протоколот за превентивни мерки за сите работни места (Сл.весник на РМ бр.147/20), вработените во ЈП ХС Злетовица Пробиштип, работниот процес ќе го извршуваат со два ротирачки тимови со кои непречено ќе се одвива работниот процес, при што сите вработени ќе бидат достапни за вршење на своите работни задачи за време на работното време, еден тим со физичко присуство, а другиот преку комуникација со електронска пошта или друг вид на информатички алатки.
ЈП ХС Злетовица – Пробиштип