Во штипската филтер станица се тестира квалитетот на водата од хидросистемот „Злетовица“.

Првиот човек на ЈП „Исар“ вели дека испитувањето на водата ќе трае околу една година, бидејќи треба да се има 4 последователни добри резултати при контролите кои ги врши Агенцијата за храна и ветеринарство.

Независно од тоа кога ќе започне дистрибуцијата на водите од брана „Кнежево“ во штипскиот водоводен систем, цената ќе остане непроменета.

-Ќе си остане истата цена на водата, а преку ХС „Злетовица “ се гарантира трајно решавање на проблемот со водата, бидејќи нема да бидеме зависни од врнежите, дали ќе има Брегалница вода или нема да има- изјави Анѓел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ – Штип

Паралелено се врши и испитување на целокупната опрема за дозирање и контрола на автоматскиот систем за работа и прифаќање на водите, инвестиција од 1, 15 милиони евра.

Засега од ХС „Злетовица“ со вода за пиење се снабдуваат општините Свети Николе и Пробиштип, а покрај Штип, се планира да се приклучат и водоводните ситеми на Лозово и Карбинци.