Почитувани,
Во интерес на правилното информирање на јавноста, а во врска со изнесените невистини за бројот на вработени и директори во ЈП ХС Злетовица – Пробиштип од страна на неколку електронски портaли, сакаме да ја информираме целокупната јавност дека во ЈП ХС Злетовица – Пробиштип се вработени вкупно 26 лица, од кои едно Избрано лице од страна на Управниот одбор на функцијата Директор, пет раководни и дваесет вработени лица на различни нивоа согласно актуелниот Правилник за систематизација на работни места.
ЈП ХС Злетовица – Пробиштип
Во рамките на Проектот за унапредување на хидросистемот „Злетовица“, преговорите за кредитирање со Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) на Фаза II (Наводнување) и Фаза III (Енергетика), влегуваат во процес на подготовка. Очекуваме, во идниот период, со максимално ангажирање на сите инволвирани страни, да се отпочне со имплементација.