Поради дефект на доводниот цевковод за водоснабдување на Свети Николе, започнувајќи од 08:00 ч. на ден 10.05.2018 год., ЈП ХС „Злетовица“ изврши прекин во  испораката на сирова вода до филтер станицата во Свети Николе, се до отстранување на дефектот.

Екипи на ЈП ХС „Злетовица“ од Пробиштип, интензивно работат на отстранување на дефектот.