На покана на Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија, проект менаџерот Љупчо Благоевски и Раководителот на одделението за одржување на зафати и цевководи Александар Величковски од ЈП ХС Злетовица – Пробиштип, присуствуваа на информативен настан за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти во рамки на билатералната развојна соработка, а објавен од страна на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.

Настанот се одржа на 18.07.2022 и на истиот имаше обраќање Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили и Неговата екселенција Амбасадорот Милан Предан.

На настанот присуствуваше директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, Мојца Копше која го промовираше проектот Надградба на Хидросистем Злетовица кој е финансиран преку донација од ЦМСР и буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.