На ден 01.12.2023 година,  во просториите на ЈП ХС Злетовица, присуствуваше Заменик премиерка и Министерка за надворешни работи и европски прашања на Република Словенија, Г-ѓа Тања Фајон, каде заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопансво, Г-дин Љупчо Николовски, и претставници на Центар за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, по повод успешната реализација на проектот Надградба на ХС Злетовица, финансиран од донација од Република Словенија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, свечено беа пуштени во употреба надградените системи во ЈП ХС Злетовица.