Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивање на COVID – 19 (корона вирус), Ви препорачуваме сите ваши потреби, прашања и барања поврзани со работењето на ЈП ХС Злетовица-Пробиштип да ги остварувате преку тел. бр. 032/481-520, по електронска пошта na e-mail: contact@hszletovica.com.mk или директно:
Со почит,
ЈП ХС Злетовица
Пробиштип
Почитувани,
Во интерес на правилното информирање на јавноста, а во врска со изнесените невистини за бројот на вработени и директори во ЈП ХС Злетовица – Пробиштип од страна на неколку електронски портaли, сакаме да ја информираме целокупната јавност дека во ЈП ХС Злетовица – Пробиштип се вработени вкупно 26 лица, од кои едно Избрано лице од страна на Управниот одбор на функцијата Директор, пет раководни и дваесет вработени лица на различни нивоа согласно актуелниот Правилник за систематизација на работни места.
ЈП ХС Злетовица – Пробиштип
Во рамките на задолжувањето и укажувањето од страна на Владата на Република Македонија, во врска со спроведување на акции за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, ЈП ХС „Злетовица“, согласно добиената табела со предложени акции по сектори за месеците кои следат, пристапи кон имплементирање на истите.
Имено, вработените во ЈП ХС „Злетовица“ до своите работни места ќе доаѓаат без автомобил, додека дел од вработените кои се подалеку од своите работни места ќе споделуваат автомобил. Во рамките на акциите се планирани и активности за озеленување на непосредната околина на институцијата, браната „Кнежево“, Зафат 1 и Зафат 3, со користење на брзорастечки широколисни видови дрва и уредување на дворот, секако во соработка со подрачната единица на Македонски Шуми.
Согласно Заклучокот на Владата, во активностите при спроведување на акциите за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, ЈП ХС „Злетовица“ е во постојана координација со локалната самуправа и граѓанските здруженија.
Во интерес на правилно информирање на јавноста, ЈП ХС Злетовица – Пробиштип, насловот Водата од ХС Злетовица е биолошка бомба објавен на веб страната на Pressscentar.mk на ден 04.12.2018 година, го оценува за необјективен, тенденциозен и напишан без новинарска етика, без претходно побарана објективна информација од наша страна.
Основна дејност на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип е испорака на сирова вода до филтер станиците на општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, а започна активно да ја врши од 2010 година кога започна испораката на сирова вода до филтер станицата на општината Свети Николе.
Со цел непречена и квалитетна испорака на сирова вода, ЈП ХС Злетовица – Пробиштип, постојано врши мониторинг на квалитетот на сировата вода преку акредитирани лаборатории. Резултатите од извршените анализи на сирова вода согласно законските прописи се доставуваат до сите надлежни институции, кои се меродавни за следење на квалитетот и безбедноста на водата.
ЈП ХС Злетовица – Пробиштип најостро ги осудува и демантира изнесените небулозни тврдења во текстот Водата од ХС Злетовица е биолошка бомба објавен на веб страната на Pressscentar.mk на ден 04.12.2018 година, во кое се тврди дека водата не е за преработка и за пиење и има покачени вредности на радиоактивност и бактерии.
За ова сакаме да го прашаме граѓанскиот активист Трајче Митев со која цел се осмелува со неговите сопствени и нестручни тврдења да создава паника кај корисниците на водата за пиење, со неосновано тврдење дека водата има покачени вредности на радиоактивност и ја посочува како потенцијален причинител на канцерогени заболувања.
Дали граѓанскиот активист Трајче Митев е запознаен дека за ширење на лажни вести и создавање на паника кај населението може да сноси кривична одговорност и дали сета оваа негативна кампања која ја води веќе подолго време и преку разни портали треба да послужи единствено како алатка општина Штип да не ја користи сировата вода од ЈП ХС Злетовица – Пробиштип.
Најодговорно тврдиме дека сировата вода која се испорачува до пречистителните станици е во добра хигиенска состојба и истата може да се преработува во нив до вода за пиење и како краен производ е безбедна за конзумирање од страна на населението, кое е потврдено и со јавно објавените анализи на квалитетот на водата од јавните комунални претпријатија.
Ги повикуваме граѓанскиот активист Трајче Митев и порталот Pressscentar.mk јавно да се извинат за изнесените невистини во објавенииот текст Водата од ХС Злетовица е биолошка бомба објавен на веб страната на Pressscentar.mk на ден 04.12.2018 година.
Исто така ги повикуваме граѓанскиот активист Трајче Митев и новинарите од порталот Pressscentar.mk да ја посетат ХС Злетовица и објектите за водоснабдување со што ќе добијат реална слика за состојбата на водоснабдување, а воедно остануваме отворени за било каква соработка.
Ве известуваме дека поради дефект на доводниот цевковод за водоснабдување на Свети Николе, започнувајќи од 10:00 ч. на ден 14.05.2018 год., ЈП ХС „Злетовица“ ќе ја запре испораката на сирова вода до филтер станицата во Свети Николе, сé до отстранување на дефектот!
Екипи на ЈП ХС „Злетовица“ интензивно работат на теренот и за секоја промена, ќе бидете благовремено информирани.
Ви благодариме на разбирањето!
Поради дефект на доводниот цевковод за водоснабдување на Свети Николе, започнувајќи од 08:00 ч. на ден 10.05.2018 год., ЈП ХС „Злетовица“ изврши прекин во испораката на сирова вода до филтер станицата во Свети Николе, се до отстранување на дефектот.
Екипи на ЈП ХС „Злетовица“ од Пробиштип, интензивно работат на отстранување на дефектот.
Од утре започнуваат тестирањата на водата од ХС „Злетовица“ кои треба да покажат дали може и градот Штип да ја користи во својот водоснабдителен систем. Во периодот кога има врнежи, што според анализите се околу 50-тина денови во годината, водата е матна затоа што не целосно се дистрибуира во затворен систем. Штип ја пре адаптира филтер станицата за прием на овие води, инвестиција за која се уште се исплаќа кредитот.
Наше, како локална самоуправа е да ги истражиме сите можности, да тоа што сме го инвестирале и што го плаќаат граѓаните го ставиме во функција-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип
Досегашните лабараториски испитувања покажале дека водата од брана „Кнежево“ е чиста и здрава за пиење.
12 пати во годината, значи секој месец вршиме анализи на водата и ги доставуваме до релевантните институции, тоа се 6 институции на државно ниво и 2 големи анализи, кои се вршат 2 пати годишно и кои исто се доставуваат до сите релевантни институции во државата-изјави Миле Моневски, советник за технички прашања на директорот на ХС „Злетовица“
ХС „Злетовица“ е проектиран за снабдување со вода за пиење на околу 100 000 жители. Во моментот со овие води се снабдуваат Кратово, Пробиштип и Свети Николе, а покрај Штип во иднина ќе треба да се приклучат и општините Карбинци и Лозово.
Во штипската филтер станица се тестира квалитетот на водата од хидросистемот „Злетовица“.
Првиот човек на ЈП „Исар“ вели дека испитувањето на водата ќе трае околу една година, бидејќи треба да се има 4 последователни добри резултати при контролите кои ги врши Агенцијата за храна и ветеринарство.
Независно од тоа кога ќе започне дистрибуцијата на водите од брана „Кнежево“ во штипскиот водоводен систем, цената ќе остане непроменета.
-Ќе си остане истата цена на водата, а преку ХС „Злетовица “ се гарантира трајно решавање на проблемот со водата, бидејќи нема да бидеме зависни од врнежите, дали ќе има Брегалница вода или нема да има- изјави Анѓел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ – Штип
Паралелено се врши и испитување на целокупната опрема за дозирање и контрола на автоматскиот систем за работа и прифаќање на водите, инвестиција од 1, 15 милиони евра.
Засега од ХС „Злетовица“ со вода за пиење се снабдуваат општините Свети Николе и Пробиштип, а покрај Штип, се планира да се приклучат и водоводните ситеми на Лозово и Карбинци.
Поголем дел од објектите на хидросистемот Злетовица, предвидени во првата етапа, веќе се во завршна фаза на изградба. Со целосното завршување на овој капитален објект, со здрава вода за пиење, но и за наводнување на неколку илјади хектари обработливо земјиште, ќе се снабдуваат граѓаните од седум општини во источна Македонија.
Пристапниот пат до акулулацијата, во должина од 20 километри, веќе е завршен. Браната Кнежево, кој е дел од хидросистемот, со сите придружни објекти, која почна да се гради во почетокот на минатата година, се очекува целосно да биде завршена во 2009 година. Пробиен е и опточниот тунел во должина од 300 метри и пречник од 4,7 метри во фаза на бетонирање.
Паралелно со работите на браната Кнежево, се работи и на поставување на цевковдот до Свети Николе и Штип, додека за целосно завршување на првата фаза е потребно да се постави и цевководот до Карабинци и Лозово во должина од 18 километри.