Прескокни до главната содржина Прескокни до пребарувањето

Демант (во врска со изнесените невистини од страна на неколку електронски портaли)

Почитувани,

Во интерес на правилното информирање на јавноста, а во врска со изнесените невистини за бројот на вработени и директори во ЈП ХС Злетовица – Пробиштип од страна на неколку електронски портaли, сакаме да ја информираме целокупната јавност дека  во ЈП ХС Злетовица – Пробиштип се вработени вкупно 26 лица, од кои едно Избрано лице од страна на Управниот одбор на функцијата Директор, пет раководни и дваесет вработени лица на различни нивоа согласно актуелниот Правилник за систематизација на работни места.

 

ЈП ХС Злетовица – Пробиштип

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирање на понуди за Одржување-сервисирање на електроенергетски објекти и електрични инсталации, по повик од договорниот орган во текот на 2019 година.

Оглас за барање за прибирање на понуди Бр. 03-129/2019

Електронски систем за јавни набавки

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирaње на понуди за Редовна комплексна анализа на површинската вода од Акумулацијата “Кнежево“, Зафат 1 и Зафат 3 од ХС “Злетовица“

Оглас за барање за прибирање на понуди Бр. 03-128/2019

Електронски систем за јавни набавки

Прочитај повеќе

Проект Злетовица: Производство на Електрична Енергија и Компоненти за Наводнување

Во рамките на Проектот за унапредување на хидросистемот „Злетовица“, преговорите за кредитирање со Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) на Фаза II (Наводнување) и Фаза III (Енергетика), влегуваат во процес на подготовка. Очекуваме, во идниот период, со максимално ангажирање на сите инволвирани страни, да се отпочне со имплементација.

Линк кон ЕИБ

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирање на понуди за Вршење на стручни работи за безбедност и здравје при работа, согласно барањата од Законот за безбедност и здравје при работа за потребите на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип

Оглас за барање за прибирање на понуди Бр. 03-55/2019

Електронски систем за јавни набавки

Прочитај повеќе

Известување за јавноста

Во рамките на задолжувањето и укажувањето од страна на Владата на Република Македонија, во врска со спроведување на акции за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, ЈП ХС „Злетовица“, согласно добиената табела со предложени акции по сектори за месеците кои следат, пристапи кон имплементирање на истите.

Имено, вработените во ЈП ХС „Злетовица“ до своите работни места ќе доаѓаат без автомобил, додека дел од вработените кои се подалеку од своите работни места ќе споделуваат автомобил. Во рамките на акциите се планирани и активности за озеленување на непосредната околина на институцијата, браната „Кнежево“, Зафат 1 и Зафат 3, со користење на брзорастечки широколисни видови дрва и уредување на дворот, секако во соработка со подрачната единица на Македонски Шуми.

Согласно Заклучокот на Владата, во активностите при спроведување на акциите за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, ЈП ХС „Злетовица“ е во постојана координација со локалната самуправа и граѓанските здруженија.

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирање на понуди за Осигурување на имот на ХС Злетовица: градежни објекти, опрема и осигурување на службени моторни возила за период од една година

Оглас за барање за прибирање на понуди Бр. 03-915/2018

Електронски систем за јавни набавки

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирање на понуди за Изработка на елаборат за анализа и оценка на стабилноста и функционалност на браната со придружните објекти и стабилност на теренот околу браната и акумулацијата Кнежево за 2018 година

Оглас за барање за прибирање на понуди Бр. 03-916/2018

Електронски систем за јавни набавки

Прочитај повеќе