Прескокни до главната содржина Прескокни до пребарувањето

Демант на насловот „Водата од ХС „Злетовица“ е биолошка бомба“

Во интерес на правилно информирање на јавноста, ЈП ХС Злетовица – Пробиштип, насловот Водата од ХС Злетовица е биолошка бомба објавен на веб страната на Pressscentar.mk на ден 04.12.2018 година, го оценува за необјективен, тенденциозен и напишан без новинарска етика, без претходно побарана објективна информација од наша страна.

Основна дејност на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип е испорака на сирова вода до филтер станиците на општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, а започна активно да ја врши од 2010 година кога започна испораката на сирова вода до филтер станицата на општината Свети Николе.

Со цел непречена и квалитетна испорака на сирова вода, ЈП ХС Злетовица – Пробиштип, постојано врши мониторинг на квалитетот на сировата вода преку акредитирани лаборатории. Резултатите од извршените анализи на сирова вода согласно законските прописи се доставуваат до сите надлежни институции, кои се меродавни за следење на квалитетот и безбедноста на водата.

ЈП ХС Злетовица – Пробиштип најостро ги осудува и демантира изнесените небулозни тврдења во текстот Водата од ХС Злетовица е биолошка бомба објавен на веб страната на Pressscentar.mk на ден 04.12.2018 година, во кое се тврди дека водата не е за преработка и за пиење и има покачени вредности на радиоактивност и бактерии.

За ова сакаме да го прашаме граѓанскиот активист Трајче Митев со која цел се осмелува со неговите сопствени и нестручни тврдења да создава паника кај корисниците на водата за пиење, со неосновано тврдење дека водата има покачени вредности на радиоактивност и ја посочува како потенцијален причинител на канцерогени заболувања.

Дали граѓанскиот активист Трајче Митев е запознаен дека за ширење на лажни вести и создавање на паника кај населението може да сноси кривична одговорност и дали сета оваа негативна кампања која ја води веќе подолго време и преку разни портали треба да послужи единствено како алатка општина Штип да не ја користи сировата вода од ЈП ХС Злетовица – Пробиштип.

Најодговорно тврдиме дека сировата вода која се испорачува до пречистителните станици е во добра хигиенска состојба и истата може да се преработува во нив до вода за пиење и како краен производ е безбедна за конзумирање од страна на населението, кое е потврдено и со јавно објавените анализи на квалитетот на водата од јавните комунални претпријатија.

Ги повикуваме граѓанскиот активист Трајче Митев и порталот Pressscentar.mk јавно да се извинат за изнесените невистини во објавенииот текст Водата од ХС Злетовица е биолошка бомба објавен на веб страната на Pressscentar.mk на ден 04.12.2018 година.

Исто така ги повикуваме граѓанскиот активист Трајче Митев и новинарите од порталот Pressscentar.mk да ја посетат ХС Злетовица и објектите за водоснабдување со што ќе добијат реална слика за состојбата на водоснабдување, а воедно остануваме отворени за било каква соработка.

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирање на понуди за набавка на телекомуникациски услуги – услуги од фиксна телефонија, интернет и web простор

baraњe za pribiraњe ponudi_nabavka na telekomunikatsiski uslugi – uslugi od fiksna telefoniјa, intern

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/41de63c2-54ed-4fb4-81df-c9cc32d7a8f8/5

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирање на понуди за набавка на Сандачиња за прва помош комплет со санитетски материјал за прва помош

baraњe za pribiraњe ponudi_sandachiњa za prva pomosh komplet so sanitetski materiјal za prva pomosh. (4).pd

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/5eb48502-e6eb-444f-964a-532a4d5fb76e/5

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирање на понуди за Сеизмички мониторинг, одржување и сервисирање на инструменти за регистрација на силни земјотреси инсталирани на брана “Кнежево”.

baraњe za pribiraњe ponudi_seizmichki monitoring, odrzhuvaњe i servisiraњe na instrumenti za registrats (2)

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/4cca31ac-fc06-4cc9-a63b-4004831cffc5/5

Прочитај повеќе

Оглас за барање за прибирање на понуди за Осигурување на имот на ХС „Злетовица“: градежни објекти, опрема и осигурување на службени моторни возила од ризикот автомобилска одговорност

baraњe za pribiraњe ponudi_osiguruvaњe na imot na hs zletovitsa_ gradezhni obјekti, oprema i osiguruva (2)

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/9a434300-fed5-4430-b433-56136f6412c1/5

Прочитај повеќе

Одлука за избор на кандидат по јавен оглас бр.01/2018

Одлука за избор на кандидат по јавен оглас бр.01/2018 за вработување на неопределено време на работник – помошно техничко лице во ЈП С “Злетовица” – Пробиштип

Odluka oglas 01/2018

Прочитај повеќе