Прескокни до главната содржина Прескокни до пребарувањето

Ревизорски извештаи

Ревизорски извештај за 2022 година

Ревизорски извештај за 2021 година

  Ревизорски извештај за 2020 година

                 Ревизорски извештај со финансиски извештаи за 2019 година

                 Ревизорски извештај со финансиски извештаи за 2018 година

                 Ревизорски извештај со финансиски извештаи за 2017 година

                 Ревизорски извештај со финансиски извештаи за 2016 година

Прочитај повеќе

Годишни извештаи, сметки, програми и планови

Годишна сметка на ЈП ХС Злетовица за 2023 година

Извештај за работењето на ЈП ХС Злетовица за 2023 година

Годишна сметка на ЈП ХС Злетовица за 2022 година

Извештај за работењето на ЈП ХС Злетовица за 2022 година

  Извештај за работењето на ЈП ХС Злетовица за 2021 година

  Годишна сметка на ЈП ХС Злетовица за 2021 година

                 Извештај за работењето на ЈП ХС Злетовица за 2020 година

                 Годишна сметка на ЈП ХС Злетовица за 2020 година

                 Извештај за работењето на ЈП ХС Злетовица за 2019 година

                 Годишна сметка на ЈП ХС Злетовица за 2019 година

                 Годишна сметка на ЈП ХС „Злетовица“ за 2018 година

                 Годишна сметка и Извештај за работењето на ЈП ХС „Злетовица“ за 2017 година

                 Годишна сметка и Извештај за работењето на ЈП ХС „Злетовица“ за 2016 година


Годишна инвестициона програма на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип за 2024 година

Програма за работа на ЈП ХС Злетовица за 2024 година

Годишна инвестициона програма на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип за 2023 година (пречистен текст)

                 Програма за работа на ЈП ХС Злетовица за 2023 година

Годишна инвестициона програма на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип за 2023 година

Програма за работа на ЈП ХС Злетовица за 2022 година

                 Годишна инвестициона програма на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип за 2022 година

                 Програма за работа на ЈП ХС Злетовица за 2021 година

                 Годишна инвестициона програма на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип за 2021 година

 Годишен план за јавни набавки во 2021 година на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип

                 Годишна инвестициона програма на ЈП ХС Злетовица – Пробиштип за 2020 година (пречистен текст)

                 Годишен план за јавни набавки во 2020 година на ЈП ХС „Злетовица“ – Пробиштип

                 Годишна инвестициона програма на ЈП ХС „Злетовица“ – Пробиштип за 2020 година

                 Изменување на годишниот план за јавни набавки во 2019 година на ЈП ХС „Злетовица“ – Пробиштип

                 Годишен план за јавни набавки во 2019 година на ЈП ХС „Злетовица“ – Пробиштип

                Годишна инвестициона програма на ЈП ХС „Злетовица“ – Пробиштип за 2019 година 

                Предлог изменување и дополнување на годишниот план за јавни набавки во 2018 година на ЈП ХС „Злетовица“

Прочитај повеќе

Прекин во испораката на сирова вода до филтер станица Св. Николе

Ве известуваме дека поради дефект на доводниот цевковод за водоснабдување на Свети Николе, започнувајќи од 10:00 ч. на ден 14.05.2018 год., ЈП ХС „Злетовица“ ќе ја запре испораката на сирова вода до филтер станицата во Свети Николе, сé до отстранување на дефектот!

Екипи на ЈП ХС „Злетовица“ интензивно работат на теренот и за секоја промена, ќе бидете благовремено информирани.

Ви благодариме на разбирањето!

Прочитај повеќе

„Злетовица“ полека ја добива својата смисла..

Март е месец во кој се слави водата зашто 22 ден од овој месец е прогласен за Светски ден на водите. Во контекст на овој значаен датум istokpres.mk направи едно мало истражување во однос на искористеноста на регионалниот хидросистем „Злетовица“. Целосното истражување проследете го на следниот линк.

Прочитај повеќе

Прекин во испораката на сирова вода до филтер станица Св. Николе

Поради дефект на доводниот цевковод за водоснабдување на Свети Николе, започнувајќи од 08:00 ч. на ден 10.05.2018 год., ЈП ХС „Злетовица“ изврши прекин во  испораката на сирова вода до филтер станицата во Свети Николе, се до отстранување на дефектот.

Екипи на ЈП ХС „Злетовица“ од Пробиштип, интензивно работат на отстранување на дефектот.

Прочитај повеќе

Тестирањата на водата од ХС Злетовица кои треба да покажат дали може и градот Штип

Од утре започнуваат тестирањата на водата од ХС „Злетовица“ кои треба да покажат дали може и градот Штип да ја користи во својот водоснабдителен систем. Во периодот кога има врнежи, што според анализите се околу 50-тина денови во годината, водата е матна затоа што не целосно се дистрибуира во затворен систем. Штип ја пре адаптира филтер станицата за прием на овие води, инвестиција за која се уште се исплаќа кредитот.

Наше, како локална самоуправа е да ги истражиме сите можности, да тоа што сме го инвестирале и што го плаќаат граѓаните го ставиме во функција-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип
Досегашните лабараториски испитувања покажале дека водата од брана „Кнежево“ е чиста и здрава за пиење.

12 пати во годината, значи секој месец вршиме анализи на водата и ги доставуваме до релевантните институции, тоа се 6 институции на државно ниво и 2 големи анализи, кои се вршат 2 пати годишно и кои исто се доставуваат до сите релевантни институции во државата-изјави Миле Моневски, советник за технички прашања  на директорот на ХС „Злетовица“
ХС „Злетовица“ е проектиран за снабдување со вода за пиење на околу 100 000 жители. Во моментот со овие води се снабдуваат Кратово, Пробиштип и Свети Николе, а покрај Штип во иднина ќе треба да се приклучат и општините Карбинци и Лозово.

Прочитај повеќе

По Свети Николе и Пробиштип, ХС Злетовица ќе обезбеди вода и за Штип

Во штипската филтер станица се тестира квалитетот на водата од хидросистемот „Злетовица“.

Првиот човек на ЈП „Исар“ вели дека испитувањето на водата ќе трае околу една година, бидејќи треба да се има 4 последователни добри резултати при контролите кои ги врши Агенцијата за храна и ветеринарство.

Независно од тоа кога ќе започне дистрибуцијата на водите од брана „Кнежево“ во штипскиот водоводен систем, цената ќе остане непроменета.

-Ќе си остане истата цена на водата, а преку ХС „Злетовица “ се гарантира трајно решавање на проблемот со водата, бидејќи нема да бидеме зависни од врнежите, дали ќе има Брегалница вода или нема да има- изјави Анѓел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ – Штип

Паралелено се врши и испитување на целокупната опрема за дозирање и контрола на автоматскиот систем за работа и прифаќање на водите, инвестиција од 1, 15 милиони евра.

Засега од ХС „Злетовица“ со вода за пиење се снабдуваат општините Свети Николе и Пробиштип, а покрај Штип, се планира да се приклучат и водоводните ситеми на Лозово и Карбинци.

Прочитај повеќе

ХС Злетовица интензивно се гради

Поголем дел од објектите на хидросистемот Злетовица, предвидени во првата етапа, веќе се во завршна фаза на изградба. Со целосното завршување на овој капитален објект, со здрава вода за пиење, но и за наводнување на неколку илјади хектари обработливо земјиште, ќе се снабдуваат граѓаните од седум општини во источна Македонија.
Пристапниот пат до акулулацијата, во должина од 20 километри, веќе е завршен. Браната Кнежево, кој е дел од хидросистемот, со сите придружни објекти, која почна да се гради во почетокот на минатата година, се очекува целосно да биде завршена во 2009 година. Пробиен е и опточниот тунел во должина од 300 метри и пречник од 4,7 метри во фаза на бетонирање.

Паралелно со работите на браната Кнежево, се работи и на поставување на цевковдот до Свети Николе и Штип, додека за целосно завршување на првата фаза е потребно да се постави и цевководот до Карабинци и Лозово во должина од 18 километри.

Прочитај повеќе